За една година, платите во Македонија се зголемиле за 0,7%
Од јануари лани до јануари годинава, платата во Македонија се зголемила за 0,7%, пресмета Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 21.327 денари.
Сепак, 1,5% од работниците што работеле во јануари воопшто не зеле плата. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 31.236 денари.
Зголемувањето платите во јануари годинава во однос на јануари лани е резултат на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ од 7,3 проценти и „градежништво“ и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 4 отсто.
Слично
