Економија, финансии, бизнис

Контакт

За една година 6.603 домаќинства оставени без социјална помош

За една година 6.603 домаќинства оставени без социјална помош

Министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски истакна дека речиси  6.603 домаќинства се оставени без социјална помош во период од една година.

Имено, во тек е вонреден инспекциски надзор во сите центри за социјална работа ширум земјава.

Министерката соопштува дека се утврдени голем број на недостатоци во работењето на овие установи.

Таа меѓу позначајните ги посочи неодговарањето во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото на социјална заштита до граѓаните, нецелосен опис на  непосредниот увид во семејствата и  можност за злоупотреба при давање на социјални права,неизготвен наод и мислење на стручен работник што е спротивно на сите процедури.

„Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства. Ако имаме 6.603 домаќинства со минимум 4 лица по домаќинство тогаш бројот е 26.412 лица кои останаа гладни и без егзистенција заради лошите политики на ВМРО ДПМНЕ, а не заради подобрената социјална помош на овие домаќинства“ вели Ременски.

1400 предмети по жалбена постапка за остварување на правото на социјална парична помош не е решавано од февруари до 15 ноември 2015 година.

Ременски го обвини поранешниот министер Диме Спасов дека спротивно на неговата законска обврска не донел решенија по жалби за 1400 семејства кои го изгубиле правото на социјална парична помош истакнувајќи дека несовесно одлучувањето по овие жалби го пренел на службеник на пробна работа во министерството, кој нема право да одлучува и решава по барање на граѓаните во управна постапка.

Слично

Поврзани вести