За еден месец се блокирани нови 254 фирми
Вкупно 140.041 банкарски сметки на граѓани и на фирми им биле блокирани во октомври годинава, што е значителен пораст на блокадите во платниот промет во земјава ако се земе предвид дека во истиот месец минатата година имало 110.916 блокирани сметки.
Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека заклучно со октомври, блокирани се вкупно 38.165 компании, или само за еден месец се блокирани нови 254 фирми. Вкупниот број блокирани сметки на приватни фирми, пак, достигна 59.234.
Иако, најголемиот број на блокирани сметки во главно се должи на привремени блокади или на подолго време неактивни фирми кои се уште фигурираат во статистиката, сепак бизнисмените потврдуваат дека условите за водење бизнис се се уште неповолни.
Слично
