Економија, финансии, бизнис

Контакт

За еден месец потрошени 30% од буџетскиот дефицит за цела година

За еден месец потрошени 30% од буџетскиот дефицит за цела година

Од почетокот на годината заклучно со првата недела од февруари, биле потрошени 93 милиони евра или скоро 30% од планираниот буџетски дефицит за целата година, соопшти доплнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов.

Според буџетот за 2016 година минусот во државната каса е проектиран на 308,6 милиони евра или 3,2 % од БДП.

Ова ниво на дефицит, како што пишува во Буџетот, ја одразува определбата за постепено намалување на јавната потрошувачка. Дополнително во новата Фискална стратегија владата предвидува намалување на буџетскиот минус, почнувајќи од годинава.

Владата скоро секоја година преку ребаланс на буџетот го продлабочува буџетскиот дефицит, а се очекува истото да се случи и годинава ако се земе во предвид и спроведувањето на уште едни предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести