Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ГРЦИТЕ УБИЛЕ ЧЕТВОРИЦА АЛБАНЦИ: Тирана жестоко реагираше

ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ГРЦИТЕ УБИЛЕ ЧЕТВОРИЦА АЛБАНЦИ: Тирана жестоко реагираше

Тирана жестоко реагираше за убиството на албански државјани во Грција. 

По убиството на Марио Исаку (18) во грчкиот град Кавала, остро реагираше албанското Министерство за надворешни работи. 

Загрижени се за, како што велат, серијата убиства на Албанци во Грција.

„Остро ја осудуваме позадината на екстремизмот и говорот на омраза што ги придружува овие настани во соседната земја и ги повикуваме грчките власти да ги осудат и да спречат какви било обиди на Златна зора или на други екстремистички сегменти да се закануваат на безбедноста и достоинството на Албанците, кои работат и придонесуваат во соседната земја“,  стои во во реакцијата.

Министертвото искажува загриженост „за серијата убиства на Албанци“ и во исто време се сочувствува со нивните семејства.

„Во услови кога нашите сонародници го чувствуваат притисокот на невидена кампања на омраза и насилство, ја изразуваме заложбата на албанската држава да им обезбеди на жртвите и на нивните семејства потребна правна и финансиска поддршка за заштита на нивните основни права како членови на најголемата емигрантска заедница, која живее и со децении придонесува во Грција“, се наведува во реакцијата.

Безживотното тело на младиот Исаку, роден во Кавала во 2000 година, а по потекло од Албанија, е пронајдено синоќа. Според министертвото ова е четврто убиство на албански граѓанин во последните две недели.

Претходно на Крф беше убиен човек по расправа за името на Македонија, по што Грк му направил заседа, го убил и фрлил во ендек. 

Слично

Поврзани вести