За две години се одлага целосната либерализација на поштенските услуги
Eксклузивното право на АД Македонска пошта за обезбедување универзална услуга заедно со резервираните поштенски услуги да биде продолжено до јануари 2017 година. Ова се предвидува во Предлог законот за изменување на Законот за поштенските услуги, што денеска во прво читање доби поддршка од матичната собраниска комисија.
Се менува членот 92 во постоечкиот Закон, па така наместо до 1 јануари 2015 година, Македонска пошта ќе има ексклузивно право за универзалната услуга до 1 јануари 2017 година, образложи заменик-министерот за транспорт Џелал Бајрами на седницата на Комисијата за транспорт и врски.
Пратениците од опозициската СДСМ оценија дека Владата го предлага законот без да ги објасни причините зошто се одложува планираната либерализацијата во поштенските услуги и дозволува монополска позиција на Македонски пошти.
Пратениците од владејачкото мнозинство сепак ги поддржаа измените, кои ќе одат на гласање и на пленарна седница.
Слично
