За две години Хрватска ќе приватизира над 400 компании
Повеќе од 400 компании во Хрватска во следните две години ќе се приватизираат, односно оној дел што е во државна сопственост ќе биде ставен на продажба. Ова е предвидено во стратегијата за управување со државен имот донесена денеска на седница на Влада.
Вредноста на државните имоти се проценува на 32 милијарди евра, но приходите на државата се само 300 милиони евра годишно.
Стратегијата предвидува секоја година да се прави план за управување со државниот имот.
Според Вицепремиерот Невен Мимница, по големина на државен имот, Хрватска е петта во Европа, но приходите од него се само 0,7 проценти од БДП.
Слично
