Економија, финансии, бизнис

Контакт

За две години евидентирани 1078 иновативни деловни субјекти

За две години евидентирани 1078 иновативни деловни субјекти

Во земјава бројот на иновативни деловни субјекти во периодот  од 2012 до 2014 изнесува 1078.

Според податоците на Државниот завод за статистика, под иновативни деловни субјекти се подразбираат фирми кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетинг  иновација.

Од сите иновативни деловни субјекти, 37.1% имаат воведено иновација на производ и процес,  35.8% реализирале организациски и маркетинг иновации, а 19.1% имаат паралелно воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.

Фирмите кои не направиле иновации, навеле дека пречка е немањето средства, немањето кредити, квалификувани работници, партнери за соработка и други фактори.

Слично

Поврзани вести