За две децении над 90.000 луѓе се откажале од босанското државјанство
Повеќе од 90.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ за 20 години.
Минатата година до 10 декември, од босанското државјанство се откажале 2.802 луѓе.
„Во постапката за откажување од државјанството на БиХ, странките не се обврзани да наведат други причини освен фактот дека веќе поседуваат или дека им се гарантира стекнување државјанство на друга држава“, објави Министерството за цивилни работи на БиХ.
Во неформални разговори оние кои се откажуваат од државјанството на БиХ како реална причина најчесто го наведуваат поповолниот работен статус, правото на поседување недвижен имот, полесно патување и студирање во странство. Граѓаните најчесто се откажуваат од државјанството на БиХ поради стекнување на германско и австриско државјанство. И претходните години, медиумите пишуваа дека никој не го сака босанското државјанство и дека голем број граѓани се откажуваат од него. Во годините по војната во БиХ, многу граѓани се одлучиле на овој чекор.
Слично
