Економија, финансии, бизнис

Контакт

За два месеци во оваа земја ќе најдете работа

За два месеци во оваа земја ќе најдете работа

Сингапур важи за една од земјите во светот во кои е најлесно да се дојде до работа, пишува Блумберг. 

Просечниот период во кој невработен човек наоѓа работа, е два месеци.  За споредба, во Австралија за работа се чека двојно повеќе. 

Дури и за постарите вработени, состојбата не е лоша. Иако овие вработени можат да останат без работа, сепак 98% од луѓето кои ја достигнале возраста за пензионирање од 62 години, лани  добиле предлог за повторно вработување.

Ситуацијата на пазарот на трудот на Сингапур останува сложена поради неодамнешното намалување на имиграцијата и забавувањето на економскиот раст. Во земјата има недостиг на работа. 

„Луѓето често немаат вештини барани од пазарот на трудот, па владата се фокусира на тоа во моментов“- вели економистот Кристал Тан.

Невработеноста за сингапурските граѓани и постојани жители може да биде 3% за прв пат од 2010 година, што треба да стане јасно од податоците за невработеноста за четвртиот квартал од минатата година, кои ќе бидат објавени на 26 месеци. Стапката на невработеност за сите жители во моментов е едвај 2,1%.

Министерот за образование, Онг Кунг изјави во ноември дека Владата се надева дека нема да има зголемување на невработеноста оваа година. 

Од друга страна пак Сингапур е земја каде за живот се потребни високи трошоци. 


Слично

Поврзани вести