Економија, финансии, бизнис

Контакт

За ДУИ Иванов нема легитимитет, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА го поздравија

За ДУИ Иванов нема легитимитет, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА го поздравија
За Демократската унија за интеграција, претседателот Ѓорге Иванов, кој денеска го почнува вториот мандат, нема легитимитет затоа што не ја одразува волјата на Албанците кои живеат во Македонија. „Иванов, кој е избран во еден легален процес, за Албанците е нелитимен, бидејќи не ја одразува волјата на вториот по големина народ во Република Македонија. Која било институција која ја нема волјата на двете најголеми заедници, согласно Охридскиот договор, е нелегитимна. Над 90 отсто од Албанците рекое „не“ на едностраниот претседател и ние ќе ја почитуваме нивната волја“, изјави Џафери. За Беким Фазлиу од ДПА, Иванов е легитимен претседател. „Претседателот е легитимен, бидејќи за него гласаа мнозинството граѓани“, рече тој. Инаугурацијата на Иванов на претседателската функција ја поздрави и ВМРО-ДПМНЕ. „Легитимитетот на претседателот го дадоа граѓаните на Република Македонија, со огромниот број гласови кои не можат да се поделат ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по религиозна припадност. Цениме и апелираме дека сите политички партии треба да ја прифатат одлуката на граѓаните“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Освен пратениците на ДУИ, на денешната инаугуративна седница не присуствуваа пратениците на СДСМ и на НДП, кои, пак, не ги прифатија ниту пратеничките мандати.     Освен пратениците на ДУИ, на денешната инаугуративна седница не присуствуваа пратениците на СДСМ и на НДП, кои, пак, не ги прифатија ниту пратеничките мандати.
Слично

Поврзани вести