За ДИК спорни се 310.000 избирачи
Едногласно членовите на Државната изборна комисија вечерва го усвоија извештајот од експертската вкрстена анализа, на базата на податоци на МВР со податоците од 10 други институции.
Според податоците, сомнителни се околу 310.000 избирачи. Според податоците кои завчера се појавија во јавноста, спорни беа околу 500.000 гласачи. Повеќето членови на ДИК кажаа дека тоа бил прелиминарен извештај, во кој споредбата била правена со базата на државјани, а не според базата на МВР.
За секоја категорија ДИК расправа поединечно, а потоа ќе се знае дали ќе има теренска или административна проверка.
Слично
