Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Џес Бејли Договорот од Пржино е жив

За Џес Бејли Договорот од Пржино е  жив

Владата мора да покаже посветеност кон плуралистичка демократија и спроведување на реформите од Пржинскиот договор. Тоа значи дела, а не зборови, вели амбасадорот на САД, Џес Бејли  за Дојче веле.

Според него, Договорот од Пржино е жив. Договорот од Пржино e потпишан на 2 јуни минатата година, дополнет со анекс на 19 јуни и со финален протокол на 15 јули.

„Никој не кажал дека спроведувањето на договорот ќе биде лесно. Навистина имаше многу одложувања и опструкции. Сепак, една година подоцна, Специјалното јавно обвинителство ги истражува прислушуваните разговори и наводите за сериозни злоупотреби кои произлегуваат од тие разговори. Се основаше понезависна ДИК, и се воведоа реформи во Изборниот законик. Многумина ми велат дека сега граѓаните се поистрајни во барањето лидерите да ги исполнат своите обврски кои произлегуваат од пржинскиот договор“- рече Бејли.

За аболицијата Бејли нема никакви дилеми дека таа треба да се повлече јасно и сеопфатно.

Слично

Поврзани вести