Економија, финансии, бизнис

Контакт

За девет години потрошени 50 милиони евра за нови и реконструирани училишта

За девет години потрошени 50 милиони евра за нови и реконструирани училишта

50 милиони евра се инвестирани за девет години во целосна реконструкција и изградба на нови школи ширум земјава.

Овие податоци денеска ги соопшти премиерот Никола Груевски кој вели дека над 20 милиони евра се потрошени за  изградба на 74 нови училишта, а целосно реконструираните школи кои се 350 на број однеле  околу 30 милиони евра.

Првиот човек на Владата Никола Груевски денеска одговарајќи на новиарски прашања вели дека од лани досега целосно е завршена изградбата на 10 нови училишта и доградба на други две училишта.

Тој исто таа потенцираше дека во моментот се работи на доградба на други две училишта во „Ѓорче Петров“ и во Сливник-Велес кои ќе бидат заокружени до крајот на календарската година, со што бројката ќе достигне 74 новоизградени.

Премиерот потенцираше дека досега ниту една власт не реконструирала и вложила во нови училишта како оваа Влада.

Слично

Поврзани вести