Економија, финансии, бизнис

Контакт

За десетина дена ќе има авансна исплата за поплавените

За десетина дена ќе има авансна исплата за поплавените

Тимови со  претставници на повеќе институции на терен ќе ги собираат податоците за трансакциските сметки на погодените во поплавите, објави Телма.

Ова ќе треба да заврши до првата половина на неделата, а потоа податоците ќе бидат испратени до Комисијата за проценка на штети која ќе ја информира Владата и ќе започне со авансната исплата. Процесот со авансната исплата би требало да започне за најдоцна 10-тина дена.

„Комисиите што вршат проценка на штетите на недвижности и движен имот и моторни возила треба да ги завршат увидите во текот на неделата. Оние пак што вршат проценки на штета на сточен фонд и земјоделско земјиште за најмногу 10- 15 дена, заради обемот и методологијата на работата. По увидот на терен се прави проценката на штета. До крај на август би требало да заврши процесот на проценка“ - објаснуваат од Владата.

Во поплавите на 6 август беа зафатени околу 5.000 семејства во скопско, а имаше и 22 жртви.

Луѓето ќе добијат оштета и за земјоделското земјиште кое им беше зафатено од поплавата.

Слично

Поврзани вести