Економија, финансии, бизнис

Контакт

За десет дена ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач на струја во Македонија

За десет дена ќе се знае кој ќе биде универзален снабдувач на струја во Македонија

За десетина дена ќе заврши процесот на аукција и ќе се знае кој ќе биде одбран за универзален снабдувач на струја по регулирани цени на домаќинствата и претпријатијата, најави првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Ќе се одбира помеѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“, единствените компании конкуренти на тендерот, со тоа што победник ќе биде оној кој ќе понуди најмала маржа на цени за потрошувачите кои нема да излезат на либерализираниот пазар.

„Согласно Законот за енергетика, и двете компании што се заинтересирани да станат универзален снабдувач ќе треба да формираат посебна компанија со цел да ги одвоиме регулираната од нерегулираната дејност. На таа компанија РКЕ ќе ѝ издаде лиценца за снабдување со електрична енергија со обврски кои се однесуваат на универзалниот снабдувач. Тоа го правиме со цел да нема прелевања на финансиски средства од нерегулиран на регулиран пазар и малите потрошувачи кои останале на регулираниот пазар да не ги покриваат загубите кои евентуално снабдувачите би ги направиле на слободниот пазар на електрична енергија“, рече Бислимовски.

До практичното отпочнување на дејноста на универзален снабдувач потоа ќе треба да поминат уште два до три месеци поради процесот на  добивање на неопходните дозволи. Процентот на снабдување на потрошувачите ќе се намалува во наредните седум години сѐ до најмалку 30 отсто од потребите.


Слично

Поврзани вести