За демoлирањето на канцеларијата на Иванов да се платат 9.000 евра
Во Кривичниот суд денеска беа изведени демонстрантите Никола Аризановски и Филип Накевски кои се обвинети за учество во толпа.
Тие ќе треба да платат 9.000 евра за направената штета. Вештачењето за штетата на канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов направено од Бирото за судско вештачење изнесува 522.080 денари. Адвокатите треба да го разгледаат овој извештај, и затоа судењето на демонстрантите е одложено за 20 мај.
Оваа сума е 7.000 евра помалку од она што првично се бараше за демолирањето на канцеларијата на Иванов, при протестите од 13 април.
Слично
