Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Дачиќ Западот црта граници, а не Москва

За Дачиќ Западот црта граници, а не Москва

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека Србија не се согласува со изјавата на потпретседателот на САД,  Мајк Пенс дека Русија со сила исцртува граници на Балканот. 

„Србија на самитот на Јадранската повелба во Подгорица беше како набљудувач, а тоа не значи дека се согласува со сè што таму е речено, вклучувајќи и дека Русија со сила исцртува граници тука. Кога станува збор за цртање граници тоа всушност Запад го направи со Србија“- изјави Дачиќ за денешното издание на весникот „Вечерње новости“.

Тој вели дека ја очекува поддршката од САД, но Србија знае што е најдобро за неа. 

Додава дека САД треба да дозволи секоја земја сама да одлучува за својата иднина. 

Слично

Поврзани вести