Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

Прифатен e предлогот на Дора Бакојани од Грција, Косово да стане член на Советот на Европа. 

Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за време на состанокот во Париз, со 31 глас „за“, четири „против“ и еден воздржан го усвои мислењето на Дора Бакојани, јави РТС.

Против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.

На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачката на ПССЕ за Косово Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услови, меѓу кои и враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Политичката комисија на Парламентарното собрание за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамно и скандалозно.

Слично

Поврзани вести