Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да се намали растот на цените, Владата ја укинува царинската стапка од 20 отсто за млекото и павлаката

За да се намали растот на цените, Владата ја укинува царинската стапка од 20 отсто за млекото и павлаката

Владата ја укинува царинската стапка од 20 отсто за млекото и павлаката. 

Целта е, како што се наведува во соопштението, да се намали растот на цените.

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5 отсто.

„Владата на денешната седница денеска донесе Одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто  и царинската стапка од 15 отсто за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10 отсто, но не надминува 45 отсто во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг“, велат од Владата. 

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5 отсто.

Слично

Поврзани вести