Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да се извлече од кризата европска земја ги зголемува даноците за богатите

За да се извлече од кризата европска земја ги зголемува даноците за богатите

Шпанците им ги зголемуваат даноците на богаташите.

Шпанската влада денес претстави предлог на буџетот за 2021 во рамки на кој планира да им ги зголеми даноците на богатите, а собраните средства да ги насочи на социјалните давачки за 47 милиони жители побезболно да ja поминат кризата.

Трошоците на државниот буџет се проценети на 196,1 милијарди евра, во што се вклучени 27 милијарди евра кои треба да стигнат од заедничкиот буџет на Европската Унија. Предлог буџетот на малцинската влада на Санчез допрва треба да го одобри парламентот. 

Шпанската влада лани имала буџетски дефицит од 14,1 отсто од БДП, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

Премиерот Педро Санчез, заедно со коалицискиот партнер Пабло Иглесијас, најави зголемување на даноците за големите компании и поединците чии годишни примања надминуваат 200.000 евра. 

Истото ќе важи и за луѓето чиј имот вреди повеќе од 10 милиони евра.

Левичарската влада планира парите да ги пренасочи на претпријатијата со мала и средна големина, а и во туризмот, кој од март чувствува тешки последици. Државните трошоци за туризмот би требало да пораснат за 150 отсто, како и во здравството, се наведува во предлог буџетот.

Слично

Поврзани вести