Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да ја зајакне економијата, африканска држава воведе дигитална валута

За да ја зајакне економијата, африканска држава воведе дигитална валута

Африканскиот континент се отвора кон дигиталните валути. Веќе имаме земја која ќе користи ваква валута. 

Нигерија е првата земја во Африка која воведе дигитална валута – еНаира. На финансиските институции ќе им биде издадена еНаира во вредност од околу 200 милиони наири или 487,3 милиони американски долари. Лидерите на Нигерија велат дека со овој потег ќе ја прошират достапноста на банкарските услуги и ќе ја зајакнат економијата.  Гувернерот на нигериската национална банка, Годвин Емефијеле изјавил дека постои голем интерес, додавајќи дека веќе 33 банки, 2.000 корисници и 120 трговци успешно се регистрирале на платформата која е достапна како апликација е за Епл и за Андроид. Повеќе земји во светот се решија на ваков чекор или ја разгледуваат оваа опција. 

Слично

Поврзани вести