Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да ја намали невработеноста Хрватска воведува неработен петок

За да ја намали невработеноста Хрватска воведува неработен петок
За да ја намали невработеноста Хрватска воведува неработен петок и тој ден место работодавецот, ќе го плати државата.Како што пренесуваат хрватските медиуми, оваа одлука ќе важи само за вработените во компании од преработувачката индустрија, и тоа во компаниите каде што има проблем со вработувањето. Следниот петок, кој е прв неработен Хрватската влада обезбедила 100.000 милиони куни за спроведување на оваа мерка. Во изминатиот перид стапката на невработеност во Хрватска е во постојан раст и бројот на невработени хрватски државјани стигна до бројка од 372.000, па државата одлучила место на завод за вработување, да воведе еден неработен ден, кој таа ќе го плаќа. Ако работодавецот му го скрати работното време на вработениот, логично е да му ја намали и платата. Затоа, Државата  ќе го покрие овој трошок со субвенциите кои ќе изнесуваат максимално по 2.244 куни по работник. Така, ако работодавецот ја спушти платата од 4.000 на 3.000 куни, разликата ја плаќа државата. Надлежните предупредуваат дека ќе се спроведе строга контрола на месечна основа за да се провери целосната исплата на придонесите, нешто што и понатаму ќе остане обврска за работодавците, за да се спречи можната злоупотреба.
Слично

Поврзани вести