Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДА ИМА ПАРНО, ДРЖАВАТА МОРАШЕ ДА ДАДЕ „ДОТУР“ НА БУЏЕТСКИ ПАРИ - досега вкупно 31 милиони евра

ЗА ДА ИМА ПАРНО, ДРЖАВАТА МОРАШЕ ДА ДАДЕ „ДОТУР“ НА БУЏЕТСКИ ПАРИ - досега вкупно 31 милиони евра

Испораката на топлинска енергија во Скопје од денеска треба да продолжи непречено, без проблеми.

Ова ветување вчера го даде ЕСМ, објавувајќи дека за цел декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО. 

ЕСМ од вчера го презеде управувањето и со топланата Скопје Север со што се обезбедува затоплување и на граѓаните, институциите, градинките и училиштата во општините Чаир и Бутел.

А, како што веќе објави Фактор, на сметка на ЕСМ треба да легнат нови 13 милиони евра буџетски пари, кои владата ги одобрила на нејзината последна седница.

Ова е втор „дотур“ на пари за ЕСМ, откако на крајиот на септември компанијата доби од Владата 18 милиони евра.

Или, вкупно Владата досега има издвоено 31 милиони евра пари од буџетот за набавка на природен гас за работа на топланите.

Од ЕСМ вчера потврдија дека за набавка на гас им биле одобрени државни пари од буџетот на државата за оваа година. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести