За Ципрас, ветото на Бугарија е замена за немањето консензус помеѓу земјите-членки на ЕУ за статусот на Македонија и Албанија
Според поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, бугарското вето за Македонија директоно и индиректно за Албанија за почеток на преговорите со ЕУ е замена за немањето консензус меѓи земјите-членки на заедницата за продолжување на процесот на евроинтеграции на двете земји.
Комисијата била свесна дека двете земји ги исполнуваат критериумите за пристапување, но тие, според лидерот на опозициската СИРИЗА, остануваат во чекалната на ЕУ, пред сè поради немањето консензус меѓу земјите-членки, а сега негова замена е ветото на Бугарија за Северна Македонија, за културни и историски прашања.
„Северна Македонија е кандидат веќе 17 години, а Албанија е со таков статус од пред осум години. Одлуката на Самитот на ЕУ ја потврдува несигурноста на Европа кон оние земји кои направија многу важни чекори, а перспективата за датум за пристапни преговори постојано се одложува. Европа не треба да дава ветувања ако не може да ги исполни“, вели Ципрас во статијата објавена за Exit и EURACTIV.
Тој смета дека Еропската Унија ќе треба да ги трпи последиците од нејзиното отсуство на единство во однос на Западниот Балкан.
„Мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската унија како целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека ЕУ веќе плати и ќе плаќа за тоа во иднина“, смета Ципрас.
