Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Чавков е нелогично да се формира специјално одделение во МВР за случаите на СЈО

За Чавков е нелогично да се формира специјално одделение во МВР за случаите на СЈО

Според министерот за внатрешни работи, Митко Чавков нема потреба од специјално одделение во МВР за случаите на СЈО.

Тој објаснува дека не ја гледа логиката зошто би постоел таков посебен организациски орган и дека тоа би било нефункционално.  Не сум дел од процесот и не сум дел од преговорите кои сè уште се во тек, кажа министерот и додаде дека тоа што се бара го решава Законот за кривична простапка.

„Не ја гледам логиката зошто би имало потреба од таков посебен организациски орган. Не е логично, ниту е функционално. Едноставно ја имаат целата правосудна полиција на располагање и без преговори со министер или со директорот, јавниот обивнител може со наредба да назначи било кое лице“ - изјави Чавков.

Според неофицијални информации, овој услов мора да се исполни за решавање  на кризата во Македонија. Партиите не кажуваат дали за ова се преговара и дали овој предлог е ставен на маса.  Досега СДСМ и ДУИ се изјаснија дека  би дале поддршка на предлогот за формирање специјално судско одделение.

Помошник-државната секретарка на САД, Викторија Нулад вчера при посетата на Скопје даде поддршка на работата на СЈО и нагласи дека владеењето на правото е особено важно.

Слично

Поврзани вести