Економија, финансии, бизнис

Контакт

За бугарскиот историчар Дечев Бугарија не е разумна што ја запира Македонија на патот кон ЕУ

За бугарскиот историчар Дечев Бугарија не е разумна што ја запира Македонија на патот кон ЕУ

„Бугарија мора да се откаже од разбирањето дека 100% од историската вистина е на бугарска страна. А, Македонците мора критички да гледаат на македонскиот историски наратив“, вели бугарскиот историчар Стефан Дечев за бугарскиот портал „Факти“.

Дечев посочува дека Бугарија не е разумна во однос на попречувањето на Македонија на евроатлантскиот пат. 

-Не може да се продолжи врз основа на Бугарската рамковна позиција и Декларацијата на парламентот или Објаснувачкиот меморандум испратен до земјите-членки на ЕУ есента 2020 година. Но, не може да продолжи и со позицијата на Скопје, според која Северна Македонија не преговара за јазикот и идентитетот. Ниту работата на Заедничката комисија не треба да оди со темпото со кое се одвива во моментот и што очигледно го предизвикува целото незадоволство од страна на Бугарија, посочува Дечев.

Запрашан какви се можностите да има напредок по изборите во Бугарија, во зависност од парламентарната констелација и новата влада во Софија, историчарот вели:

„Не можам да ги предвидам резултатите од изборите. Мислам дека тоа не може да се случи до изборите, главно заради прелиминарните ставови и заради начинот на кој темата е присутна во изборната кампања. Не е многу светло претставено, што не ме изненадува. Во Република Северна Македонија, оваа тема отсекогаш била поважна. На крајот на 2020 година, ова беше втора најважна тема по коронавирусот, додека во Бугарија отсекогаш беше една од многуте други теми.

Да ја разгледаме подетално изјавата на премиерот Борисов. Таму многу јасно е наведено дека двете земји мора да се вратат на теренот на договорот од август 2017 година и на поимот заедничка историја зацртана таму - и ова треба да биде во поглед на европската иднина. Што, според мое мислење, значи дека деблокирањето на ситуацијата е можно само ако бугарската страна се врати на договорот и се повлече од Рамковната позиција и Декларацијата на парламентот, а македонската страна ги врати своите членови на работата на Комисијата во начин на кој таа работела до февруари 2019 година. Тогаш беа усвоени задоволителни формулации за двете земји во однос на заедничките историски личности, што двете земји официјално ги забележуваат: Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски итн.

Дали е разумно Бугарија да продолжи да ги запира европските интеграции на Северна Македонија, гласи друго прашање, на кое Дечев вели:

Не е разумно. Секако, двете страни мораат да го сфатат ова прашање многу сериозно. Да, навистина сум го кажал многу пати, но ќе го повторам и сега: За Бугарија е многу важно да се откаже од разбирањето дека 100% од историската вистина е од бугарска страна и дека Македонците треба скоро да го препишат бугарскиот историски наратив . И Скопје, македонските политичари и државници, како и македонската историографија, мора да се збогуваат со убедувањето дека можат да поминат низ целиот процес на преговори без критички осврт кон македонскиот историски наратив. Доколку не постои такво позиционирање и на Софија и на Скопје, мислам дека нема да има деблокирање на преговорите. Како почеток, можеби на Софија ќе и треба понагласено изјаснување за нешто што е кажано многу пати претходно: дека Бугарија ги признава моменталните реалности, имено, постоењето на македонска нација и македонски јазик. А, од страна на Скопје, мора да се врати на работата на Историската комисија, на методологијата и начинот на работа што преовладуваше во оваа комисија до февруари 2019 година. Со таков пристап, мислам дека за околу две години историските проблеми можат да се решат во главните негови делови.

Слично

Поврзани вести