За Брнабиќ, трагедијата во Нови Сад е диверзија, Академскиот пленум бара обвинителството да ја повика на распит
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изрази сомнеж дека трагедијата во Нови Сад е всушност диверзија.
„Не мислам дека натстрешницата паднала сама од себе, ниту дека тоа била несреќа, трагедија или било каков производ на некои несовесни дејствија во таа смисла, мислам дека тоа било испланирана диверзија“, рече Брнабиќ.По овој нејзин став, неформалната мрежа на професори, Академскиот пленум, го повика обвинителството да ја покани на распит Брнабиќ, а во врска со нејзината изјава дека уривањето на настрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад било „планирана диверзија“.
Во соопштението, тие оценија дека ваквите тврдења, „изнесени без никакви докази, претставуваат јавно вознемирување и ширење паника“.
„Апелираме до надлежното обвинителство итно да ја повика Ана Брнабиќ да презентира докази за нејзините тврдења. Доколку такви докази не постојат, очекуваме дека ќе ѝ биде наредено притвор, во согласност со законот, за ширење паника и дестабилизација на општеството“, објави Академскиот пленум.
