Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА БРНАБИЌ ФАЈЗЕР- за Дачиќ и Вулин руската Спутник V

ЗА БРНАБИЌ ФАЈЗЕР- за Дачиќ и Вулин руската Спутник V

Откако премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја прими фајзеровата вакцина, двајца високи функционери од таа земја денеска ќе ја примат руската вакцина против коронавирусот. Според соопштението на Владата на Србија, претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин, денеска ќе се вакцинираат со „Спутник V“.

Тие ќе бидат вакцинирани на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во 11:00 часот.

Како што беше претходно најавено, оваа недела 2.400 граѓани ќе примат дози од руската вакцина против коронавирус.

Вакцинацијата во Србија стартуваше на крајот на декември кога пристигна првата доза од вакцината на Фајзер, а ја примија премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд и социјална политика Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и членот на кризниот штаб и епидемиологот Предраг Кон.

Вакцинацијата на здравствените работници во Србија почна вчера, а првите кои ја примија беа медицинските лица во Клиничкиот центар на Србија.

Слично

Поврзани вести