За апсењето на Љубе Бошкоски на распит се „Алфите“
Денеска продолжува распитот на двајцата припадници на специјалната единица „Алфи“ во Основниот суд Скопје 1, кои го апсеа претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Тие во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство се товарат дека нечовечно постапувале при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија. Како што претходно соопштија од СЈО врз основа на доказниот материјал има основано сомнение дека на ден 6 јуни 2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот – директор на УБК, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата „Алфи“, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице Бошкоски, да му предизвикаат душевно страдање.
