Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 9 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 5 милијарди долари!

За 9 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 5 милијарди долари!

Фантастични 5 милијарди долари „црни пари“ се испумпани во период од 2004 до 2013 година покажаа најновите податоци во истражувањето на  „Глобален финансиски интегритет“ (Global Financial Integrity ). Тоа значи дека во просек годишно од земјава нелегално се испумпуваат 516 милиони долари.

mkd-232682

Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежни институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари. Дел од експертите од оваа област велат дека системот што треба да ги следи финансиските трансакции е слаб. Укажуваат дека загрижува тоа што според новиот Закон за спречување на перење паи и финансирање тероризам, функционерите се изземени од регулативата односно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции.

-Загрижува фактот, што  со новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се извадени од законот “политички експонираните личности”, тоа се сите јавни функционери, а за тоа постои посебна директива во Европската унија, дека тие лица се  посебен ризик и треба да се следат со внимание. А кај нас со законот од 2014-та година тие се извадени од регулативата или поточно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции, значи на некој начин како да се прави подготовка за полесно пренесување на средствата надвор од земјава, затоа мислам дека сеуште нашиот систем е многу слаб, но тука многу ќе помогнат другите системи надвор од Македонија.Кај нас системот кој што треба да ги следи финансиските трансакции и перењето пари е многу слаб,  пред неколку години беше многу подобро воспоставен тој систем. Сите механизми кои што беа воспоставени се ослабнати, вклучително и контролата што ја вршат  банките но и контролата над банките во однос на исполнување на нивните обврски од овој тип, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Македонија.

Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“ во периодот од 2004 до 2013 година на нелегален начин биле изнесени преку 5 милијарди долари „црни пари“.

Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 9 години изнесува 5 милијарди и 168 милиони долари.

Според сумата на изнесени нелегални средства Македонија се  позиционира на 88-то место.

Земјите од регионот се рангирани вака – Србија се наоѓа на 35 место со 4 милијарди долари годишно во просек, Хрватска е на 40 место, од каде во просек годишно се изнесуваат 3,5 милијарди долари, на 105 место е Црна Гора со 257 милиони годишно, Албанија е на 118 со 123 милиони долари годишно.

Ова истражување се прави врз база на анализа на на податоци за меѓународна размена и платен биланс кои ги објавува Меѓународниот монетарен фонд, преку проценка на а украдени пари преку криминал, корупција и разни начини на даночна евазија.

Слично

Поврзани вести