Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 89 евра од Скопје до Берлин со авион

За 89 евра од Скопје до Берлин со авион
Секој понеделник и петок, од  Скопје со авион ќе се патува директно до Берлин. Авионите на авиокомпанијата „Германија“ и воздушниот оператор „Ер Приштина“ ќе тргнуваат од Скопје во понеделник во 21 часот и секој петок во 18.30. Летот, како што информираат од ТАВ Македонија, трае околу 2,5 часа додека почетната цена на билет во еден правец изнесува 89 евра. „ Авиокомпанијата „Германија“ и воздушниот оператор „Ер Приштина“ на македонските граѓани кои живеат и работат надвор од земјава ќе им обезбедат уште една можност за почесто да ги посетат своите семејства, но и на туристите и на бизнисмените ќе им овозможи полесен пристап до Македонија“, истакна Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија. Според Лејла Ибрахими Салахи, претседател и извршен директор на „Ер Приштина“, поволните билети, сигурноста и високите стандарди за квалитет, даваат гаранција дека ќе компанијата ќе обезбедиме водечка позиција на пазарот. Со ова се согласува и главниот комерцијален директор „Германија”, Павел Оливер за кого „Ер Приштина” е еден од лидерите во иновацијата во однос на авиосообраќајот на Балканот. „Ние сме многу задоволни што можеме да Ви понудиме успешна директна врска од Скопје до Берлин“, истакна тој посочувајќи дека Берлин  е едно од најатрактивните места во Европа. „Ер Приштинa” постои три децении и важи за оператор на летови со висок квалитет и ниски цени во Косово и Македонија. Авиокомпанијата „Германија” пак опслужува три авиопревозници за линии во Европа, Блискиот Исток и чартер-летови за туристички оператори до Европа и Северна Африка.
Слично

Поврзани вести