За 6,23 денари се намалува цената на природниот гас
Цената на природниот гас за компаниите во земјава се намалува за 17,18 отсто во споредба со цената од декември лани, соопштуваат од Макпетрол. Новата цена со намалувањето ќе биде пониска за 6,23 денари и ќе изнесува 30,03 денари за метар кубен. Основна причина за ова намалување, како што објаснуваат од Макпетрол, е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал од 2013 година во споредба со четвртиот квартал 2012 година за 14,3 отсто, односно цената од 579 долари за 1000 нм3 се намалува на 496 долари за 1000 нм3 гас или за 83 долари за 1000 нм3 гас.
Слично
