Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 6 191 патник е зголемена посетата на скопскиот аеродром

За 6 191 патник е зголемена посетата на скопскиот аеродром
Расте бројот на патници на аеродромот „Александар Велики" во Скопје и за месец ноември поголем е за 11% споредено со истиот период во 2011 година, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.
Според овие податоци, во ноември од аеродромот „Александар Велики" се превезени 62.371 патник, додека во истиот период лани биле превезени вкупно 56.180 патници. Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации кон повеќе европски градови и кон Дубаи во текот на ноември. На редовни линии во ноември биле регистрирани 60.873 патници, што е за 21.5% повеќе од истиот месец лани кога со редовна линија патувале 50.089 патници.  
Слично

Поврзани вести