Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 57 отсто скокна бројот на заразени со корона во Словенија

За 57 отсто скокна бројот на заразени со корона во Словенија

Нагло зголемување на бројот на заболени со коронавирусот има во Словенија. 

За 24 часа има 1.829 нови случаи, што е зголемување за 57 отсто во однос на претходната недела и највисока дневна бројка од почетокот на декември. Шест пациенти починале, покажуваат владините податоци.

Стапката на позитивност на ПЦР тестовите достигна скоро 37 отсто, што е зголемување за цели 12 процентни поени во однос на минатата недела. Забележано е и дека бројот на извршени брзи тестови се зголемил за една петтина од претходната недела, на 100.000.

Омикрон сојот веќе го има во многу земји од регионот. Тој доминира во Грција, каде исто така има драматичен скок на бројот  на заразени, и тоа три дена по ред. 

Слично

Поврзани вести