ЗА 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Кој го купува „Yahoo“?
Американскиот телекомуникациски гигант Верајзон договори купување на „Yahoo“ за околу 5 милијарди долари.
Се очекува договорот формално да биде објавен денес, пред отварање на пазарите на капитал во САД.
Со тоа ќе заврши повеќемесечната несигурност за судбината на „Yahoo“ откако компанијата најави план за промени во стратегијата во февруари годинава.
Верајзон, чија пазарна капитализација изнесува 228 милијарди долари, се истакна како најсериозен кандидат за купувач на „Yahoo“откако почна натпреварувањето во април.
Договорената цена за купување на „Yahoo“ од 4,8 милијрди долари е далеку од некогашната вредност на таа компанија која достигнувала и до 125 милијарди долари.
„Yahoo“ веќе подолг период е под притисок на акционерите кои се незадоволни со падот на приходите во последните осум години , а во февруари најави дека бара „стратешка алтернатива“ за основниот интернет бизнис.
Од Верајзон одбија да ја коментираат веста за купување на „Yahoo“.
