Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 5 месеци странските инвеститори одлеале од земјата над 81 милион евра

За 5 месеци странските инвеститори одлеале од земјата над 81 милион евра

Во период од јануари до јуни оваа година, странските инвеститори одлеале надвор од Македонија, 81,2 милиони евра како девиденда, покажуваат податоците на Народна банка.

И покрај многубројните економски олеснувања што Владата им ги нуди на странските инвеститори, тие најголемиот дел од добивката го враќаат во своите матични земји.

За да не го наруши курсот на денарот, поради зголемените одливи на девизи, Народна банка морала да интервенира на пазарот од девизни резерви и да ја надомести зголемената побарувачка.

„Зголемената побарувачка за девизи од страна на приватниот сектор во овој период се должи и на  исплатата на дивиденди кон странските инвеститори. Повисоката потреба за девизи покрај од сопствените средства на банките, беше надоместена и од Народната банка, која интервенираше со продажба на девизи на банките-поддржувачи“, пишува во соопштението на Комитетот за оперативна монетарна политика.

Податоците покажуваат дека за пет месеци годинава нето приливот на странски инвестиции изнесува 100,6 милиони евра што е за третина помалку отколку истиот период лани.

Слично

Поврзани вести