За 46 отсто се зголемило индустриското производство во април
Индустриското производство во април e зголемено за 46,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
По сектори, индустриското производство во рударство и вадење на камен во април годинава има раст од 16,9 отсто, преработувачка индустрија за 64,3 отсто, а кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имало опаѓање од 15,6 отсто, во споредба со април 2020 година. Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на поголемото производство на: прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и пластични маси, на други неметални минерални производи, електрична опрема и друго.
foto freepik
