Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 415 отсто скокна бројот на заразени со коронавирусот во Србија, денес имаат над 7.000

За 415 отсто скокна бројот на заразени со коронавирусот во Србија, денес имаат над 7.000

Забележано е нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Србија. 

Скокот е за дури 415 отсто повеќе од минатата недела. Во Србија денеска се регистрирани 7.488 новозаразени со коронавирусот, а починаа 25 луѓе. Тестирани се 25.516 луѓе, а 74 пациенти се на респиратор. Вчера, од тестирани 21.876, позитивни беа 5.224. Вчерашниот ден донесе скок од 200 отсто, во однос на претходната среда, а денеска тој скок на неделно ниво е уште поголем, затоа што тогаш биле регистрирани 1.804 заболени. Во сите земји во регионот скокна бројот на заразени. Лекарите сметаат дека ова е поради опуштањето за време на празниците. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести