За 40 милиони евра се продава островот Дулихиум во Грција
Островот Дулихиум се наоѓа во Јонското Море, кој е најголемиот приватен остров во Грција се продава за 40 милиони евра. Како што пренесуваат грчките медиуми, огласот за продажбата на островот веќе е објавен на најпознатиот сајт во светот, кој објавува понуди за приватни острови.
Според информацијата островот Дулихиум се простира на површина од 5.400 декари. Тој се смета за најголемата приватна сопственост во островскиот дел на земјата. На островот има четири илјади маслинки и ниска вегетација. Карактеристично за него е црвената боја на земјиштето и големите карпи.
За островот веќе има интерес, а некои од заинтересираните купувачи веќе решија да го претворат островот во рајско катче и во луксузно одмаралиште со пристаниште за јахти.
Оваа инвестиција ќе донесе сигурна заработувачка и ќе ја претвори Герција во дестинација број еден за богатите туристи.
Освен до Итака и Кефалонија островот Дулихиум се наоѓа и во близина на островот Оксија, кој според неодамнешните написи е купен од шеикот на Катар Хамад бил Халифа ал Тани.
Грчкиот весник „Еспресо“ пишува дека за продажба на конкретниот сајт се објавени уште 15 грчки острови. Највисока е цената на островот Патроколос, кој се продава за 160 милиони евра, а по него се островите Оморфи за 50 милиони евра и Дулихиум за 40 милиони евра.
Слично
