Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 320 денари поскапела минималната кошничка

За 320 денари поскапела минималната кошничка

Основните трошоци за четиричлено семејство  се зголемени за 320 денари во ноември. 

Информацијата денеска ја објави Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја пресметува синдикалната минимална кошница. Синдикалната кошничка во ноември чинела 34.893 денари. За храна и пијалоци минимум се потребни 15.000 денари, а за режиски трошоци 10.914 денари. ССМ постојано апелира минималната плата да изнесува најмалку 18 000 денари, а линеарно да се зголемуваат и сите останати плати. 

„Повеќе од неопходно е дека ни треба зголемување на платите со кои ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите, за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните“, велат од ССМ.

Во земјава пораснале трошоците за живот, објави Државниот завод за статистика. Поскапен е лебот, но и други намирници. 

Слично

Поврзани вести