Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 3 месеци јавниот долг зголемен за 10,8 милиони евра

За 3 месеци јавниот долг зголемен за 10,8 милиони евра
Во периодот од март до јуни, јавниот долг на Македонија се зголемил за 10, 8 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за финансии. При тоа, надворешната задолженост се намалила за 13,5 милиони евра и изнесува 2,61 милијарда евра, а внатрешниот долг се зголемил за 24,3 милиони евра и изнесува 1,30 милијарди евра. На крајот на јуни, вкупниот јавен долг на Македонија изнесуваше 3,92 милијарди евра или 43,7 % од бруто-домашниот производ. Инаку, за утре е најавено ново задолжување на Владата од 2,2 милиони евра преку емитување на државни хартии од вредност.
Слично

Поврзани вести