За 24 часа има педесетина потреси во Хрватска
За 24 часа се регистрирани педесетина потреси во Хрватска.
Станува збор за послаби потреси, повеќето од нив во околината на Сисак и Петриња. Во овие градови теренот се расчистува и се санираат штетите од земјотресите, кои однесоа и седум жртви. По разорниот земјотрес од 6.2 степени, Хрватска се соочува со бројни проблеми. Нова закана за мештаните сега се поплавите. Како што пренесуваат локалните медиуми, реката Купа започнала да се излева во Мала Горица кај Петриња.
Хрватското министерство за внатрешни работи објави видео-снимка од Петриња, која беше најпогодена област.Во регионот, денеска имаше земјотреси во Албанија, Словенија и повеќе потреси во Грција.

Слично
