Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 18,3 % зголемен бројот на превезени патници од двата аеродроми

За 18,3 % зголемен бројот на превезени патници од двата аеродроми
Зголемен број на патници за 18,3% бележат скопскиот и охридскиот авион за разлика од лани.
Од јануари до август од двата аеродроми летале  вкупно 1 021 713 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863 716 патници .
За разлика од лани,  аеродромот „Александар Велики“ во Скопје бележи зголемување од 16,8%, или превезени вкупно 948 998 патници , додека тој број лани бил  812 426 патници.
Од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид исто така се забележува зголемување на бројот на патници за периодот јануари-август 2015 година. Имено оваа година превезени се 72 715 патници, додека во истиот период 2014 година биле превезени 51 290 патници.
Врз основа на реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари-август оваа година се: Истанбул 14.5 %, Цирих 9,1 %, Виена 7.1 %, Малме 5, 9 %, Базел 5.4 % и Лондон со 5.2 %.
Од оваа година се воведоа директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа: Oд аеродромот Александар Велики во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.
Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид  се воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.
Континуираниот раст на бројот на превезени патници како и бројот на компании кои оперираат на двата аеродроми е директен резултат од Проектот за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај што го реализира Владата на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести