Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 11 месеци природниот гас поевтини само 2 денари?!

За 11 месеци природниот гас поевтини само 2 денари?!

Ограничениот пристап до енергенси кои во Македонија се рекордно скапи е една од причините за неконкурентност на македонската економија. На гасоводот пак, се чека цела транзиција. Неколкугодишната немоќ на Владата да ја внесе Македонија во овој мега проект, сега пред нов “предизвик“. Но, овој пат топката се префрла кај Европската Унија и Русија, бидејќи без нивното решение Македонија и онака ќе чека другите да оучат за неа. Но, што до сега правеше Владата?!

Главниот енергенс за македонските индустриски гиганти – природниот гас  за речиси една година поевтини само 2 денари. Цената која компаниите приклучени на преносниот систем оператор ја плаќаа во јануари годинава изнесуваше 30,0306 денари за нормален метар кубен гас. Десет месеци подоцна, цената на овој енергенс поевтини на 28,0049 денари. Природниот гас во Македонија е речиси 70% поскап во однос на земјите од Западна Европа. Од компаниите постојано алармираат дека растот на цената на гасот и немањето гасовод ги поскапува нивните производи, со што ги прави неконкурентни на странските пазари. Евтините енергенси очајно и требаат на македонската економија!

Ограничениот пристап до енергенси кои во Македонија се рекордно скапи е една од причините за неконкурентност на македонската економија. Само 30-тина од македонските компании имаат “привилегија” да го користат природниот гас како гориво, но по највисока цена во регионот. На гасоводот пак, се чека цела транзиција. Децениски најавуваниот проект Јужен поток, кој за македонките компании е надеж за поголем доток на овој енергенс во земјава, повторное ставен под прашање. Неколкугодишната немоќ на Владата да ја внесе Македонија во мега – енергетскиот проект Јужен тек, сега пред нов “предизвик“. Но, овој пат топката се префрла кај Европската Унија и Русија, бидејќи без нивното решение Македонија и онака ќе чека другите да оучат за неа. Но, што до сега правеше Владата?! Колку пати до сега таа го решаваше проблемот со Клириншкиот долг и обезбедуваше евтин гас од Русија?

Во отсуство на гасовод и поголемо домашно производство на електрична енергија, македонските компании бараат решение како да штедат на трошоци за да бидат конкурентни на странските пазари, каде што енергенсите не се луксуз. Компаниите бараат Владата конечно сериозно да се посвети на капиталните инвестиции во енергетиката.

Македонија со најскапа енергија за 1.000 евра БДП!

Ограничениот пристап до енергенси, кои од година во година драстично поскапуваат, е само една од причините за неконкурентноста на македонската економија. Само дел од македонските компании имат „привилегија“ да го користат природниот гас како гориво, но по цена највисока во регионот. Растечката цена на струјата во измнинатите неколку години пак, им покажа на компаниите дека долгорочното производство на овој енергенс нема да биде одржливо, па затоа мораа да бараат алтернатива во други енергенси.

Македонија е меѓу рекордерите во Европа според потрошувачката на енергија за производство на 1.000 евра бруто-домашен производ. Ако се земе предвид дека енергенсите се многу скапи во Македонија, а трендот на пораст на нивната цена не запира нитуна светско ниво, неспорен е фактот дека македонските компании во старт имаат многу висока производна цена, која им ја поткопува конкурентноста на домашниот, а особено на странските пазари.

Последните статистички податоци покажуваат дека во изминатите неколку години македонските компании просечно трошеле по 600.000  еквивалентни килограми (кгое) за да произведат БДП од 1.000 евра. Европските земји пак, трошеле најмалку три пати помалку.

Македонија е во групата со Бугарија, Романија, Естонија и Словачка по количината на енерегија што ја троши за производство на 1.000 евра БДП. На тој начин земјите од Источниот блок се инфериорни во однос на високоразвиените Германија, Франција, Австрија, Белгија во однос на конкурентното производство.

К.П.

Слично

Поврзани вести