За 1000 денари и сендвич ја продадовте слободата-тврди Ванхауте
По повод Светскиот ден на поезијата, олеснувачот Питер ВанХауте со стихови им се обрати на македонските граѓани, упатувајќи порака дека за 1000 денари и сендвич ја продале слободата.
Еве ги стиховите во продолжение
За 1000 денари и сендвич
Минатата недела,
ја продаде твојата слобода
пред Уставниот суд
за 1000 денари и сендвич.
Бидејќи ти се заканија.
Ти ја украдоа приватноста
и те уценија:
„нема работа за тебе ако не ни се придружиш
за 1000 денари и сендвич“.
И гледам твоите уморни чекори
Зад себе оставаат
Бескрајна трага на длабок очај.
И низ отворени прозорци
ги слушам децата -
како учат на памет
дека во оваа земја
луѓето не се повеќе еднакви,
и слушаат мрачен глас како ги учи
лажна историја
За 1000 денари и сендвич.
Скриен во градот,
Загревајќи се со сонцето
Ја мирисам раната пролет
И гледам во твоите очи
И сфаќам
Промената е во воздухот.
Ванхауте со своите ставови на социјалните мрежи за состојбите во Македонија, редовно привлекува внимание.
Слично
