Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 100 евра Србија ќе ги легализира дивоградбите

За 100 евра Србија ќе ги легализира дивоградбите
Сопствениците на нелегално изградените куѓи низ Србија од март конечно ќе можат да ги запишат своите имоти во катастарот за недвижности и тоа за само 100 евра, со што ќе станат сопственици на својот имот. Иако министерот за градежништво, Велимир Илиќ Ипо трет пат го најавува новиот закон, овојпат тврди дека работата е готова, а предлогот за законските акти направен. Во просек во Србија за легализација на дом од околу 100 квадратни метри, треба да се плати околу 1.500 евра, а сега сето тоа, посочува министерот Илиќ , ќе чини само 100 евра. Во Србија постојат 1,3 милиони незаконски изградените објекти, а само 700.000 сопственици досега аплицирале за легализација. „Предлог-закон кој ќе овозможи влез на дивоградбите во катастарот треба да се донесе најдоцна во рок од петнаесет дена, а потоа по скратена постапка ќе биде усвоен во Собранието и веднаш ќе стапи на сила“,  изјави Илиќ. Новиот закон предвидува бесплатна градежна дозвола. Се воведува и уште една новина, односно сите трошоци во текот на вадење дозволи за градење че се подмируваат сукцесивно, а не на замиот почеток како што е сега. Покрај тоа, граѓаните ќе плаќаат на општините и градовите само за потребната инфраструктура што ја користат, но не за онаа која не постои.
Слично

Поврзани вести