Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 100 000 евра-инстант бугарско државјанство

За 100 000 евра-инстант бугарско државјанство
Бугарија ќе нуди државјанства на странски инвеститори кои сакаат да инвестираарт најмалку 200.000 лева (100.000 евра) во државниот фонд за иновации, одлучи бугарскиот парламент. Целта на оваа мерка на бугарската влада е да направи пресврт во острото намалување на директните странски инвестиции од 6,55 милијарди евра во 2008 година, на 1,75 милијарди евра во 2011 година. Во меѓувреме во Бугарија расте и стапката на инфлација, во септември на 4,9% од августовските 3,9 %, поради се поголемиот раст на цените на храната и горивата. Ова е воедно и најголем раст на инфлацијата од март минатата година( 5,6 %), соопшти бугарскиот Институт за статистика.
Слично

Поврзани вести