Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 10 дена Македонија издала 5.000 документи за азил

За 10 дена Македонија издала 5.000 документи за азил

Само во последните 10 дена македонското Министерство за внатрешни работи издаде на над 5.000 барања на документи за бегалците.

Сите тие влегле на територијата на Македонија по нелегален начин. Големо дел од нив се мажи од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Сомалија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Прифатените законските измени минатата недела им овозможуваат на имигрантите да побараат статус на бегалец во рок од 72 часа или да ја напуштат земјата.

Сите тие влегуваат нелегално од грчка територија. Според локалните експерти секој ден низ Македонија минуваат над 3.000 емигранти. Македонската полиција презема дополнителни мерки за контрола на границата со Грција.

Барањето за статус на бегалец може да се поднесе во полициска станица, на граничниот премин или во центрите за привремено сместување.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков призна дека е зголемен имигрантскиот поток, но благодарение на мерките што се преземаат, неговиот притисок е ограничен.

Слично

Поврзани вести