За 10.000 евра може да се купи гарсониера во Банско
За 10.000 - 15 000 евра може да се купи еднособен стан или гарсониера во големите ски одморалишта во Бугарија, покажува истражувањето на весникот "Монитор".
Според весникот оваа зима донесе извесно заживување во овој сегмент, а главна причина за тоа е поевтинувањето на недвижностите, велат агентите за недвижности.
Според Полина Стојкова од „Bulgarian properties“ по падот од близу 20% на понудата и на цените на недвижностите во зимското одморалиште Банско, во 2012 година интересот кај купувачите се враќа и во последните месеци пазарот во ски одморалишта се стабилизира.
"Тоа беше најсилно засегнатиот сегмент, кој дури и минатата година забележа пад, но при сегашните атрактивни цени и добрата понудата, можеме да кажеме дека зимската сезона досега е прилично успешна", смета таа.Според неа, Русите знаат веќе доста запознаени за Банско и другите ски одморалишта и се заинтересирани за купување на втор дом таму.
"Во последно време има повторно стремеж да се инвестира во имот за одморалиште", вели Даниела Грозева од "Веда корект"."Сега е време да се купува, бидејќи веќе некое време Англичаните и Ирците продаваат, и тоа по разумни цени. Неколку инвеститори веќе купуваат станови во ски одморалишта со цел за изнајмување. Има комплекси кои гарантираат враќање на инвестицијата за кратко време, како и плаќање на рати на имотот", додава таа. Според неа, постојат две опции за инвестицијата - едната е целосно да се дава под закуп, а другата е сопственикот да го задржи еден месец од годината, за да го користи. Во моментов во бугарските зимски одморалиште е многу поевтино и мало студио може да се купи за 10.000 евра. На планинските одморалиште може да се најдат и станови по 500 евра за квадрат во комплекси, изградени пред 7-8 години. Банско останува со најниска понудата на цени за недвижнини за одмор и рекреација. Во ова планинско гратче, најскапо се продава декориран дом во затворен комплекс. Цена на двособен стан се движи од 15.000 до 65.000 евра, а максималната понуда е за стан со голф клуб. Во Пампорово цените за гарсониерите се нудат на продажба од 13.700 до 53.100 евра. Највисоката понуда е за имот во комплекс од 94 апартмани. Од 40.000 до 55,200 евра сакаат продавачите на еднособен стан во Боровец, а кај двособните, понудите се движат од 27.300 до 73.750 евра.
Слично
